15:37 - 2 април, 2026

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА: Галоски меѓу најдобрите 101 артисти во светот

галоски

Македонскиот диџеј и продуцент ГАЛОСКИ со нов, овојпат историски подвиг за домашната и светска музичка сцена. Галоски како артист од Македонија е првиот диџеј и продуцент што се најде на елитната и светска 1001tracklist и тоа на 69-тото место на најдобри продуценти и најподдржани артисти за електронска музика во светот, со што уште еднаш докажа дека е еден од најуспешните и најактивни артисти на Балканот со светска кариера!

Неговите изданија редовно може да ги слушнеме низ плејлистите на најголемите светски диџеи како Tiesto, David Guetta, Martin Garrix, Afrojack, Steve Aoki, Don Diablo, Alesso, а музиката на Галоски периодов добива константна поддршка и одлични комплименти и од мулти-платинестиот хит-мејкер Jonas Blue.

Интересен факт е дека Галоски е еден од ретките артисти на Балканот кој има милионски преслушувања на музичката стриминг платформа Spotify. Исто така, TOMMOROWLAND кој претставува еден од најголемите музички фестивали и брендови за електронска музика, оваа година му додели титула за Артист на месец Јули со што го најави како еден од артистите со светла иднина.

Ова лето ќе биде запаметено и по емитувањата на неговите изданија од светски познатото BBC Radio, KISS FM и уште многу други реномирани радио станици во светот.
Новитет во неговата кариера е последното музичко парче насловено како ‘Thinking About You’ кое официјално излегува овој петок во издание на FUTURE HOUSE MUSIC – една од најголемите издавачки куќи во светот.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо
Се вчитува....