22:39 - 13 февруари, 2026

Искра Канзурова се прости од блиска личност: Ќе фалиш бескрајно

Водителката Искра Канзурова се прости со своја блиска личност која го напушти овој свет, со порака која на напиша на Фејсбук.

-Охрид го сакам не само поради неговите убавини, туку и поради одредени неповторливи и уникатни луѓе кои живеат само таму. НАНЕЦ беше еден од нив. Го знам од дете. Беше фраер со големо Ф.

Не како денешниве фраери кои освен пари немаат што друго да понудат. Го сакав неговиот ум, широкост, оригиналност, длабочина…секој разговор со него беше вистинска школа.

Нанец, ти благодарам за секој миг поминат со тебе. Ќе фалиш бескрајно, Охрид нема да е ист без тебе, а и ние што те знаевме никогаш нема да бидеме тоа што бевме со тебе- напиша Искра која на Фејсбук е потпишана под моминското презиме, Мишиќ. Статусот е посвета на охриѓанецот Сашо Наневски – Нанец,  сопственик на првото модерно кафуле во Охрид.

Фото / Фејсбук

Вчера во Охрид, на 57-годишна возраст, ненадејно почина, Нанец, кој беше широко познат меѓу охриѓани како еден од пионерите на модерната урбана култура во градот и ноќниот живот, објави „Охрид нет“.

Тој беше сопственик на првото современо кафуле  „Томато“ во Охрид, кое со години претставуваше омилено собиралиште и место што донесе нов дух и стил во градот. Беше пионер на авангардната музика во градот. Низ годините беше сопственик и на неколку дискотеки.  Неговиот ангажман и препознатлива енергија оставија трага кај многу генерации“, се вели во текстот.

 

Слични објави

Весна Змијанац во одбрана на Милица Тодоровиќ: „Тој знаел што прави“

Еспресо

(Фото) Водителката на „Амиџи шоу“ се пресели во луксузен стан – мермерна маса од 200 кг, ентериерот е прекрасен!

Еспресо

(Фото) Хрватките полудеа по типот во бела маица од бекстејџот на „Дора“: Еве кој е тој

Еспресо

Хоспитализиран таткото на Милица Тодоровиќ, иако одбивал лекарска помош: Потегот на мајката на пејачката сè уште се прераскажува

apostolova

(Фото) Едни ја пофалија, други ја критикуваа: Фризурата на Јелена Ѓоковиќ на Олимписките игри може да се направи за миг!

Еспресо

„Бавна сум само кога водам љубов“: Дара Бубамара откри тајни од спалната соба

Еспресо
Се вчитува....