18.8 C
Скопје
14:27 - 14 март, 2026

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ПРИНЦОТ ЧАРЛС: Пие од свои 14 години, го обожава Хари Потер и што ли уште не

принцот чарлс

Принцот Чарлс, човек кој е синоним за чекање на престолот, пред неколку дена го прослави својот 73-ти роденден.

Јавноста, за жал, не знае како изгледаат прославите на Чарлс и кој е главниот шегобиец или пак кој испил некоја чашка повеќе. Сепак, знаеме неколку интересни работи за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clarence House (@clarencehouse)

Престолот го чека од 1952 година кога починал неговиот дедо, а функцијата на кралица ја презела неговата мајка Елизабета. Никој во историјата не чекал толку долго како тој.

Почнал да консумира алкохол на 14-годишна возраст, кога на екскурзија организирана од неговото училиште нарачал бренди од вишни.

Принцот Чарлс има тројца браќа и сестри и сите се поврзани со Влад Цепеш, човек кој послужил како инспирација за Дракула. Чарлс поседува дури и земја во Трансилванија и ги прославил селата што ги посетил за време на едно од неговите кралски патувања.

БИЗАРНИ НАВИКИ: Принцот Чарлс се пресоблекува до пет пати дневно, Оноре де Балзак пиел по 50 филџани кафе на ден, а Стив Џобс се изгладнувал!

Во неговата младост, Чарлс наводно бил лудо вљубен во Барбра Стрејсенд. Но, бил свесен дека дворот тешко би ја прифатил за негова сопруга… Во неговиот љубовен живот се обидел да се вмеша и Ричард Никсон, кој сакал да му ја мести неговата ќеркаТриција, но тоа не му успеало.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diego G.🇨🇭 (@lepetit_comte)

Пред да студира историја, се обидел да студира археологија и антропологија.

Го привлекувала и магијата, па во 1975 година станал член на магичното друштво „Магичен круг“ – „Magic Circle“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Висок е висок колку неговата покојна сопруга Дијана – 178 сантиметри, а бил постар од неа 12 години.

Приказните од дворот велат дека принцот Чарлс има исклучителен талент за свирење чело, како и дека е голем љубител на филмови од франшизата Хари Потер.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо
Се вчитува....