13:50 - 1 април, 2026

Илон Маск се пофали дека ослабел 9 килограми по летните фотографиите со стомак на јахта: „Бев во врвна нездрава форма“

Илон Маск призна дека откако во средината на јули беше исмеан поради топлес фотографијата на јахта на која се гледа дека не е во најдобра форма, ослабел 9 килограми, пренесува Њујорк пост.

Како што им објасни Маск на своите следбеници на твитер тој сега тежи 20 фунти (т.е. 9 килограми) помалку од неговата „врвна (нездрава) форма“.

Тој истакна дека методот на интермитентно постење (односно периодично гладување) му помогнал да ослабне.

„По совет на добар пријател, периодично прибегнував кон постење и се чувствувам поздраво“, рече Илон Маск.

Тој, исто така, посочи дека посебна апликација (наречена Зеро фастинг) му помогнала да го следи системот за слабеење, што се покажало „прилично добро“.

Во коментар на објавата на еден следбеник, Маск напиша дека и тој „крева малку тегови“.

Претходно беше објавено дека Маск најави можен колапс на човечката цивилизација без нафта и гас.

Твитер експлодираше од негативни коментари на сметка на изгледот на Илон Маск

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....