21:06 - 10 ноември, 2026

(Фото) Што сè изнакажа Меган Маркл во интервјуто за The Cut: „Пак ќе отворам профил на Инстаграм“

Војвотката од Сасекс Меган Маркл даде ексклузивно интервју за списанието The Cut, во кое призна дека повторно ќе отвори профил на Инстаграм и зборуваше за нејзините проекти.

Разговорот се случил во домот на Меган и Хари  во Монтесито, каде што живеет со децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Cut (@thecut)

Како што рече Меган Маркл, таа морла да го избрише својот личен профил на социјалната мрежа кога стана сопруга на принцот Хари и да се приклучи на официјалната страница Кенсингон ројал по бракот, која војводите од Сасекс ја делеа со војводите од Кембриџ и не можеа да ја контролираат.

„Постои систем каде што ако сакате да објавите фотографија од вашето дете, како член на кралското семејство, должни сте да ја дадете на проверка“, објасни војвотката.

Таа изрази револт поради тоа што во таков случај фотографиите завршиле во медиумите пред таа самата да ги објави.

„Зошто на луѓето кои го нарекуваат моето бебе со најразлични зборови да им дадам фотографија од него пред да можам да ги споделам со оние што го сакаат? Кажете ми која е поентата?“ прашува Меган Маркл.

Потоа, таа детално проговори за тоа како таа и нејзиниот сопруг избрале куќа во САД.

„Баравме во областа“, рече таа за Монтесито. „И оваа куќа постојано се појавуваше кога пребарував на интернет“.

Меган Маркл вели дека на првата посета ја привлекле двете палми, и уште пред да влезат внатре, војводите решиле да ја купат оваа куќа.

„Направивме се што можевме за да ја добиеме оваа куќа. Затоа што влегуваш и… Уживаш. И издишуваш. И се смируваш. Таа лекува. Се чувствувате слободни“, рече таа.

Иако таа и Хари се повлекоа од своите кралски должности, Меган е сепак многу свесна дека луѓето ја гледаат како принцеза.

„Важно е да се биде внимателен околу тоа бидејќи – дури и со интервјуто со Опра, бев свесна за фактот дека има мали девојчиња што ги среќавам и што си мислат: „О Боже, тоа е принцезата од реалниот живот“, вели понатаму Маркл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Cut (@thecut)

 

Слични објави

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.
Се вчитува....