8.8 C
Скопје
10:29 - 30 март, 2026

Илон Маск против големите медиуми: „Тие ќе го спречуваат Твитер да го развие граѓанското новинарство!“

Американскиот претприемач, основач на Tesla и SpaceX, Илон Маск, кој неодамна стана најголем акционер на Twitter, на оваа социјална мрежа изрази мислење дека големите медиуми ќе се обидат да го попречат развојот на граѓанското новинарство на оваа платформа.

„Бидејќи Твитер има за цел да го зголеми нивото на граѓанско новинарство, раководството на главните медиуми ќе се обиде да стори сé што е можно за да го спречи тоа да се случи“, напиша тој.

Маск исто така рече дека мејнстрим медиумите ќе процветаат, но ќе се соочат со „колапс“ на информативниот олигопол поради зголемената конкуренција од граѓаните.

Претходно американскиот писател Стивен Кинг на својот Твитер напиша дека оваа социјална мрежа повеќе му се допаѓала пред да ја купи претприемачот Илон Маск.

Во октомври, Маск го заврши купувањето на Твитер за 44 милијарди долари и прво ги отпушти директорите на Твитер.

Слични објави

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо
Се вчитува....