8.8 C
Скопје
12:17 - 1 април, 2026

Илон Маск има проблеми и со вработените во SpaceX: „Бевме отпуштени затоа што го критикувавме“

Осум вработени во SpaceX го тужат Илон Маск зшто биле отпуштени од работа поради ширење на отворен меил во кој го критикувале газдата за неговите твитови.

„Однесувањето на Илон во јавноста е чест извор на привлекување внимание и срам за нас. Секој негов твит е де факто јавна изјава на компанијата. Неговите пораки не ја одразуваат нашата работа, нашата мисија или нашите вредности“. Овие реченици се само извадок од писмото (меилот) објавено минатиот јуни од некои вработени во SpaceX, компанијата која сега редовно носи астронаути на Меѓународната вселенска станица. А основач  Илон Маск. Вработените кои ги напишале тие зборови повеќе не работат за SpaceX.

Осум вработени во SpaceX го тужат Илон Маск откако добија отказ, објави новинската агенција Ројтерс. Според нив, причина за отказот била токму отвореното писмо објавено во јуни во кое било критикувано однесувањето на претприемачот. Исто така, според Ројтерс, пет вработени биле отпуштени на лице место по ширењето на писмото, додека уште четворица во следните месеци. Сепак, еден од отпуштените вработени избрал да не тужи. Во моментов SpaceX одби да коментира за ова прашање.

SpaceX веднаш зазеде многу цврст став против вработените кои беа вклучени во пишувањето на писмото. Претседателката Гвин Шотвел одговори со изјава во која ја критикуваше целата структура на наводите: „Писмото и последователните барања ги ставија во тешкотии другите вработени, кои се чувствуваа малтретирани и заплашени затоа што некој ги притискаше да потпишат нешто во кое тие не се препознаа. Искористете го вашето време за да дадете се од себе. Така ќе стигнеме до Марс“.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

msp-admin

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....