01:35 - 11 ноември, 2026

Марија Шерифовиќ открива како „стопила“ седум килограми за брзо време: „Важна е и количината, а не само изборот на храна“

Марија Шерифовиќ одржа прес конференција во Белград, по повод претстојниот концерт во Јахорина, а со новата тежина ги воодушеви сите.

instagram

Позната е како некој што сака да комуницира со својата публика и не се смета за вообразена, но публиката ја сака и поради нејзината природност и приземност.

На прес конференцијата така Марија спонтано откри и како ослабнала 7 килограми за помалку од еден месец. Зборувајќи за својата позната диета, таа открила и дека повремено прави исклучок и се почестува себеси и со некоја „забранета“ храна, која ја нема на менито за слабеење.

– Ја прекршив диетата за роденден затоа што Верица ми ја подготвуваше омилената торта, изедов неколку залаци и толку, искрена е Марија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Инаку, еве како се храни Марија за да ослабне.

– За појадок, на пример, јадам палента, која е многу поубава кога се готви на путер, но сега ја јадам во вода и со неа консумирам младо сирење кое има малку маснотии и е убаво. Сакам и овесна каша со јаболко, киви, пар бадеми, може и сливи, супер е. Некогаш јадам здрав леб, но не често, но е многу вкусен, со мисиркини гради, салата и домати или домашна пилешка паштета и намаз со сирење – вели таа.

Кога станува збор за вториот оброк, поточно ручекот, има повеќе маки бидејќи таа не сака готвени јадења.

– Ако сакате готвена храна, спасени сте, јас не сакам грашок, боранија или пиперки кои тешко ги варам, па затоа еднаш неделно сум осудена на стек, риба или пилешко со сусам. Не јадам лосос, свински кременадли, значи мора да се внимава. Пилешкото е секогаш добар избор за ручек – додаде таа.

Ужината главно ѝ се состои од овошје, зеленчук или кисело млеко.

За вечера – најчесто јаде туна салата, но напоменува дека и внесот на количината е важен, а не само изборот на намирници.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....