18.8 C
Скопје
19:21 - 21 октомври, 2026

Хилари Клинтон ја поддржа Сана Марин со фотографија од забава и ѝ порача: Само танцувај!

Хилари Клинтон јавно ја поддржа финската премиерка Сана Марин, која беше снимена како танцува и рапува на забава.

Во својот твит, Клинтон се осврна на Ен Ричардс, која беше гувернер на државата Тексас од 1991 до 1995 година. Инаку, Ричардс беше првата жена на таа позиција.

-Како што рече Ен Ричардс, „Џинџер Роџерс направи сè што правеше Фред Астер. Само таа го правеше тоа наназад и на штикли“. Ова сум јас во Картагена, каде што дојдов на состанок како државен секретар на САД. Само танцувај – ѝ порача Клинтон на Сана Марин во својата објава.

На тој начин американската политичарка им се придружи на бројните жени, пред се од Финска, кои споделија свои видеа на кои се забавуваат на социјалните мрежи во знак на поддршка.

Слични објави

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо

Лепа Брена го прослави роденденот: Еве колку години наполни, а честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova
Се вчитува....