2.8 C
Скопје
19:46 - 20 декември, 2024

ХЕЛЕН МИРЕН СО СИЛНА ПОРАКА: Не дозволувајте сопствените несигурности да ве парализираат

хелен мирен

Хелен Мирен ја живее својата осма деценија, но се чини дека нема план да се пензионира дури и по повеќе од 30 години активна работа. Таа е голема инспирација и една од ретките жени во суровиот свет на шоу-бизнисот, која не се плаши да старее природно и да го стави духовното, пред физичкиот изглед.

Познатата актерка неодамна даде големо, искрено интервју за британскиот „Вог“, давајќи кратка и мудра лекција за тоа колку е важно да барате убавина во вашиот живот и да се прифатите себеси и вашите маани.

„Не дозволувајте сопствените несигурности да ве парализираат, не бидете премногу љубезни и не се извинувајте многу во животот. Мислам, се надевам дека сум пристоен човек, ја мразам грубоста, но моите зборови не се однесуваат на тоа. Мислам, треба да си отворен. Зборувајте со луѓето и бидете што е можно поотворени. Многу добра идеја е да го гледате светот од време на време како да сте дете или странец и да сведочите за своето окружување. Замислете дека го гледате за првпат и обидете се да ја доживеете магијата – затоа што во секоја средина постои магија. Сè што е потребно е да го видите вашиот живот со нови очи“, вели Хелен.

хелен мирен
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Славната 76-годишна актерка откри и кога почнала да се чувствува пријатно и задоволно во својата кожа.

„Едноставно доаѓате до тоа, без непотребни прашања. Тоа беше одамна, но се сеќавам на моментот – научив да се насмевнувам без срам. Секогаш имав дебели образи, па ги вовлекував. Но, не можете да ги вовлечете образите и да се насмеете во исто време. Невозможно е, така што никогаш не се ни смеев. Тогаш открив дека всушност е убаво да се смееш слободно и широко, а не со тесна, мала насмевка. Тоа ми користеше. Кога ме гледате на фотографиите, речиси секогаш сум насмеана“, откри Мирен.

хелен мирен
Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Минатата година, оваа дама испрати важна порака за убавината на младите жени во нивните 20-ти и 30-ти години. Таа ги советуваше да не се фокусираат на убавината, туку да најдат некој друг квалитет во себе и да го истакнат.

хелен мирен
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

„Заборавете на зборот убавина и пронајдете друга карактеристика што ве опишува. Мојот збор е сигурна, несмасна. Вашиот збор не е убавина, освен ако, се разбира, не сте многу убави, во тој случај е во ред. Јас не сум убава. Не сум. Слушајте, да бидеме реални. Има прекрасни луѓе во светот и мислам дека сите можеме да ги препознаеме. Дејвид Бекам е спектакуларно убав. Маж или жена, без разлика, но постои апсолутна убавина. Останатите од нас, 95 проценти од нас, не сме во таа категорија, но ние сме во други: интересни, храбри, смешни, паметни, инспиративни. Има многу, многу различни категории. На секоја 20-годишна девојка ќе ѝ кажам да си најде своја категорија. Запомнете, нема личност како вас на оваа планета. Вие сте апсолутно единствени. Најдете причини да бидете горди на тоа“, објасни Хелен Мирен за „Гламур“.

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....