5.8 C
Скопје
01:58 - 21 февруари, 2026

ХЕЛЕН МИРЕН ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО: Со секоја нова улога успева да ги надмине сопствените извонредни достигнувања

хелен мирен

На британската актерка Хелен Мирен ќе ѝ биде врачена награда за животно дело од нејзините колеги од „Screen Actors Guild (SAG) на церемонија во февруари следната година, објавија организаторите.

Оскаровката Мирен досега има одиграно повеќе од 70 улоги во нејзината 45-годишна кариера во филмот, телевизијата и театарот, почнувајќи од кралицата Елизабета до атентатор на тајната служба.

„Леди Хелен Мирен е едноставно брилијантна, таа е голем талент“, рече актерката Фран Дрешер, претседателка на холивудскиот синдикат на актери SAG-AFTRA.

ХЕЛЕН МИРЕН СО СИЛНА ПОРАКА: Не дозволувајте сопствените несигурности да ве парализираат

„Таа многу високо ја постави границата за сите нејзини колеги актери и со секоја нова улога успева да ги надмине сопствените извонредни достигнувања“, додаде Дрешер.

76-годишната Мирен ќе ја прими наградата за животно дело на која ѝ претходеа бројни награди, вклучувајќи еден Оскар, четири Еми, пет SAG награди, наградата Тони и два Златни глобуси.

Актерката ја започна својата кариера во 1960-тите години во театар, а клучен момент за пробивањето во светот на филмот и телевизијата беше нејзината улога на проблематичен полициски детектив во серијата „Prime Suspect“. Потоа направи блокбастери како „The Queen“, „Gosford Park“, „RED“…

хелен мирен
Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Мирен рече дека ѝ е чест да ја прими наградата која ќе ѝ биде врачена на церемонијата во Лос Анџелес на 27 февруари.

„Оваа награда е особено важна за мене бидејќи отсекогаш сум била инспирирана од американската филмска школа од која научив многу“, рече таа.

хелен мирен
Хелен Мирен и нејзиниот сопруг Тејлор Хекфорд / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Меѓу победниците на SAG за животно дело се Роберт Де Ниро, Алан Алда, Керол Барнет, Лили Томлин и многу други.

Родена е како Илена Васиљевна Миронова. Нејзиниот татко Василиј Миронов е со руско потекло, а нејзината мајка Кетлин Роџерс е Британка. Во 1950-тите, нејзиниот татко го англизирал презимето на неговото семејство.

хелен мирен
Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Наградите на „Screen Actors Guild“ им се особено драги на актерите. Првата церемонија на доделување на SAG наградите беше одржана во 1995 година. Организацијата има повеќе од 115.000 активни членови.

Секој април 2.200 активни членови по случаен избор учествуваат во изборот на кандидати за комисијата која ги избира најдобрите достигнувања на колегите од филмот и телевизијата во 15 категории.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....