18.8 C
Скопје
01:43 - 27 јули, 2024

Харис Џиновиќ прозборе за новата девојка: „Питата е готова“

Пејачот Харис Џиновиќ се најде во центарот на вниманието кога проговори за разводот со модната креаторка Мелина Џиновиќ со која има две деца, ќерката Џина и синот Кан.

Изјавите на Харис по разводот станаа вирални, за многумина толку смешни што некои почнаа и да ги тетовираат.

Пејачот вели дека не е активен на социјалните мрежи, но и дека му е криво поради тоа.

– Криво ми е, но се случија сплет на околности, па сега ќе треба да се активирам – вели Харис Џиновиќ, а на прашањето дали ги видел шегите објавени на негова сметка, вели:

– Па, воопшто не ми е гајле дали луѓето се сериозни, дали ме исмејуваат, што ми е гајле.

Според него, тој не жали што кажал за поранешната сопруга.

– Таман работа. Не можам да го спречам она што луѓето го пишуваат. Дали некој сега се потсмева, раскажува ли некакви приказни, ниту се обидувам да го спречам тоа ниту можам – истакна тој.

На прашањето дали сега после неколку месеци може да каже дека го преболел разводот, пејачот налутено одговори за српските медиуми:

– Воопшто нема да зборувам на таа тема, тоа не ме интересира. Ниту ме болеше, ниту можев да преболам нешто.

Разводот, како што вели, не влијаел на неговата работа.

– Ништо не се смени во настапите. Тоа е меѓу четири ѕида. Па цел Беверли Хилс се разведе, и што сега – рече Харис, кој потоа открива дали некогаш имал трема.

– Никогаш во животот не сум имал трема, па зошто би имал сега? Трема не постои, тоа ми е вродено. Или имаш трема или немаш. Имам одговорност, а тоа не е трема. Имам одговорност и се плашам какво ќе биде озвучувањето, дали мојот тон мајстор е добар или не и слично. Тоа е единственото нешто што ме загрижува, но немам трема – изјави Харис, кој настапи во Књажевац, а потоа откри:

– Некогаш го заборавам текстот додека пеам, па застанувам и потоа велам: „Како оди текстот, па ми кажуваат, па продолжувам да пеам“.

За разлика од него, ќерката на Харис и Мелина, Џина, е популарна на социјалните мрежи. На прашањето дали му кажала нешто за она што се појавува на социјалните мрежи, каде што фокусот е на разводот, Харис вели:

– Не. Ние генерално повеќе не зборуваме за тоа дома. Не повеќе, туку никогаш не ни зборувавме за тоа. Тоа е затворена тема. Упорно инсистирате да ви кажам нешто, да дознаете нешто, а тоа е обичен развод и тука е крајот.

Иако се појавија гласини дека Харис веќе има нова девојка, пејачот вели дека тоа не е вистина.

– Да имам, таа би била вечерва со мене тука – вели Харис и додава – Бред и Анџелина се разведоа па не се урна светот.

Пејачот упорно зборува дека разводот е сосема обичен, но во неговиот случај тоа не беше баш така.

– Па добро сега, не беше баш обичен како некои други. Спласна се, питата е готова – додава.

На прашањето дали постојат изгледи да го изглади односот до поранешната сопруга, Харис вели:

– Не, каков однос, што?

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....