15:19 - 31 јануари, 2026

Хари и Меган во конфликт со Нетфликс: Во паника се, сакаат да отстранат делови од документарецот

Принцот Хари и Меган Маркл се во конфликт со Нетфликс, па дури и со нивниот сопствен продуцентски тим, открија извори за Page Six, бидејќи се откажуваат од она што сакаат да ѝ го покажат на јавноста во нивната претстојна документарна серија. Оваа реакција доведува до заклучок дека тие премногу кажале, а сега сакаат да сокријат нешто.

Парот наводно сака да се исфрлат делови од документарниот филм што го снимиле пред повеќе од една година, но челниците на Нетфликс се на страна на снимателите од Сасекс кои сакаат да ја задржат содржината.

„Хари и Меган се предомислуваат за нивната приказна, за нивниот проект“, изјави извор на Нетфликс за Page Six.

Според друг извор, Хари и Меган „се во паника и се обидуваат да го ублажат јазикот и начинот на кој комуницираат во документарецот. Но, тоа е нивна приказна, излезена од нивните усти“.

Page Six претходно откри дека војводата и војвотката од Сасекс сакале да направат промени во емисијата по смртта на кралицата Елизабета Втора и се верува дека во неа се опишани голем број шокантни вистинити исповеди за кралското семејство, меѓу кои и за кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, како и за принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Изворите тврдат дека парот всушност почнал да го преиспитува продуцирањето на серијата, што го врши нивната сопствена компанија Арчевел, уште пред да умре кралицата на 8 септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (@princeharryofengland)

-Тие поднесоа значителни барања за враќање на содржината што самите ја доставија, до тој степен што некои вработени во Нетфликс веруваат дека проектот ќе биде одложен на неодредено време доколку нивните барања бидат одобрени – изјави извор на Нетфликс, кој додава дека „Нетфликс сè уште стои на страната на снимателите“.

Војводата и војвотката од Сасекс ширум светот ги следеше снимателска екипа, предводена од режисерката Лиз Гарбус, која беше номинирана за Оскар.

Нетфликс сѐ уште нема официјален коментар за серијата, но кога на Маркл во август ѝ беше поставено прашање за проектот, таа го опиша како „дел од нејзиниот живот што не можела да го сподели, односно, нивната љубовна приказна“, и го нарече режисерот Гарбус „извонреден“.

Инаку, по смртта на кралицата Елизабета, децата од Сасекс, Арчи и Лилибет имаат право да се нарекуваат принц и принцеза, само доколку така одлучи нивниот дедо, кралот Чарлс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (@princeharryofengland)

Извори блиски до кралското семејство тврдат дека Чарлс ќе ја донесе оваа одлука дури откако ќе види што напишал Хари во неговите мемоари, како и што ќе биде објавено во емисијата на Нетфликс.

Слични објави

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо
Се вчитува....