3.8 C
Скопје
22:53 - 11 март, 2026

Хари и Меган деновиве не спијат мирно: Во близина на нивниот имот снимен планински лав

Странските медиуми не престануваат да пишуваат дека е виден лав во близина на вилата на Хари и Меган во калифорнискиот град Монтесито. На парот му било наредено да ја заклучат вилата бидејќи нивните кокошки би можеле да бидат лесни мети за опасниот предатор.

Планинскиот лав е фатен на снимката од надзорните камери на осум километри од нивната вила. На снимката се гледа како животното се приближува до нивниот имот, покрај кантите и автомобилите. Експертите заклучиле дека животното се спуштило бидејќи барало храна и вода поради сушата во Калифорнија.

„Фактот што имаме снимка покажува дека жителите го сфаќаат ова сериозно затоа што е снимено со камера на кои ги повикавме жителите да ги инсталираат“, рече извршната директорка на здружението Монтесито Шерон Бирн, додавајќи дека сака сите жители да ги обезбедат нивните домови, кокошарниците, но и комуналниот отпад што животните го пребаруваат.

„Планинските лавови се осамени суштества и на крајот на краиштата, тие не сакаат да бидат околу луѓе, па се надеваме дека овој лав сам ќе го продолжи своето патување“, истакна Шерон.

Меган и Хари ги набавиле кокошките за време на пандемијата, а имаат и две кучиња спасувачи.

„Во соседството има секакви животни – којоти, мечки и елени, но ретко е да се види планински лав“, изјави локален жител за The Sun.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....