07:55 - 4 април, 2026

ХАОС ПОРАДИ СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ НИЗ БАЛКАНОТ, Славчо Попоски најавува кај нас значително потопло време, ова се деталите…

– Под влијание на циклонска активност и на серија влажни воздушни бранови, во текот на оваа седмица во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (околу 25 л/м2 воден талог). Снег ќе врне само на високите планини а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температурите и понатам у ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени. Во најтоплите југоисточни предели температурите се очекува да се искачат до околу 19 степени.

Во Скопје и околината во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени.

Нешто пониски температури кај нас, но сепак и понатаму релативно високи ќе имаме од средината на оваа седмица – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и напоменува: Овие денови над нашата територија ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена а дождот кој се очекува ќе биде помешан со истата.

Инаку регионот, посебно Хрватска и делови од Далмација се под влијание на СИЛНО СНЕЖНО НЕВРЕМЕ. Снежната покривка во делови од Лика достигнува дури до околу еден метар. Има и една човечка жртва поради невремето – додава Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....