4.8 C
Скопје
05:36 - 16 ноември, 2024

Бела Хадид КОНЕЧНО ГО ПОТВРДИ ОНА ШТО СЕ ШПЕКУЛИРА СО ГОДИНИ и шокираше со признанието: „Бев погрдата сестра“

Една од најпознатите и најбараните манекенки на денешницата, Бела Хадид, призна дека го оперирала носот на 14 години и дека денес жали за својата одлука.

Иако со години се шпекулираше за овој естетски зафат, Бела Хадид дури сега, на 25 години, во интервју за Vogue откри дека направила корекција на носот на 14 години. Покрај тоа, таа зборуваше и за темата што мачи многу девојки – борбата со прифаќањето на своето тело и грижата за менталното здравје.

Верувале или не, Бела Хадид се чувствувала „грдо и помалку кул“ од нејзината постара сестра Џиџи Хадид.

„Посакувам да го задржев носот на моите предци. Мислам дека така ќе ја надминев несигурноста“, призна Бела, за чија убавина секако се заслужни нејзината мајка Холанѓанка и нејзиниот татко Палестинец.

Иако многумина се убедени дека носот не е единственото нешто што таа го „поправила“, таа цврсто стои зад тоа дека ринопластиката е единствениот зафат што го направила. „Луѓето мислат дека тотално си го зезнав лицето поради една фотографија од времето кога бев тинејџерка, каде што навистина изгледам отечено. Сигурна сум дека сега не изгледаме исто како на 13 години, нели? Никогаш не сум користела филери, па да ставиме крај на тие озборувања. Немам ништо против нив, но тоа едноставно не е за мене. За сите што мислат дека сум ги подигнала очите, или како и да се вика тоа, тајната се крие во лентата за лице! Најстариот трик на светот“, изјави Бела Хадид и додаде:

„Имав чувство дека луѓето сакаат да се чувствувам како да не заслужувам ништо од ова. Тие секогаш имаат што да кажат и јас отсекогаш сум била несфатена во оваа индустрија, како и од луѓето околу мене“.

Таа додаде дека ѝ било многу тешко да расте со нејзината постара сестра Џиџи, која исто како и Бела е супермодел.

„Јас бев погрдата сестра. Бев бринета и не бев толку кул како Џиџи. Никогаш не сум била толку отворена. Така луѓето зборуваа за мене, па за жал, кога некој ви повторува такво нешто многупати, на крајот ќе поверувате.“

Бела призна и дека никогаш не и било јасно како, и покрај несигурноста и проблемите со депресијата и исхраната, успеала да постигне таков успех.

„Отсекогаш се прашував како јас, девојка толку несигурна, збунета, што страда од депресија, има проблеми со изгледот на телото, проблеми со исхраната, што мрази да ја допираат, која има голема социјална анксиозност, успеав да влезам во оваа работа? Но, со текот на годините станав добра актерка. Ставам насмевка на лицето или сум сериозна. Отсекогаш имав чувство дека треба да се докажувам. Луѓето можат да кажат што било за тоа како изгледам, како зборувам, како се однесувам. Но овие седум години никогаш не сум оставила незавршена работа, никогаш не сум откажала нешто, ниту сум задоцнила некаде. Никој не може да каже дека не давам максимум во работата што ја работам.“, рече Бела.

Слични објави

Старлета шокираше со изјава за Милан Калиниќ: „Се бакнуваше со една жена во соседството иако не беше разведен“

Еспресо

(Видео) Српската војска го забрани: Погледнете го спорниот спот на Лепа Брена, кој итно беше тргнат од ТВ!

К.С.

(Фото) Ѝ се бројат ребрата: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ шокираше со новите фотографии, станала коски и кожа

Еспресо

(Фото+Видео) Македонката Теа Ѓоргиевска блесна на Мис Универзум во традиционална носија!

Еспресо

Инди Арадиновиќ и Зоран Марјановиќ патуваат за Дубаи: Композиторот по осум години првпат ја напушта Србија

Еспресо

(Фото) Анастасија дојде во Белград, ги собра кумовите на едно место и сподели важен момент: Ги воодушеви сите со објавата

Еспресо
Се вчитува....