6.8 C
Скопје
21:13 - 12 март, 2026

Гувернерот на Луганск: „Се подготвуваме за најлошото“

Гувернерот на областа Луганск во источна Украина, Сергуи Гајдаи, вели дека „мора да се подготвиме за најлошото“. Поставен од претседателот Володимир Зеленски, 46-годишникот носи панцир, наполнет со муниција и опрема за прва помош, а во својот автомобил има и полуавтоматска пушка.

Ситуацијата во областа во моментов е ваква: „Во Северодонецк руските и украинските сили се судираат на улиците, додека во Лисиханск руската артилериска огнена стихија е постојана“.

Во Лисичанск има знаци на подготовки за улични борби: војниците копаат дупки и монтираат бодликава жица, а полицијата поставува изгорени возила низ улиците за да го забави сообраќајот.

Животот е многу тежок за 10% од жителите на Лисичанск кои останаа во градот во визби, без телефонска мрежа, вода или струја.

„Се обидуваме да ги убедиме да си заминат“, но „некои категорично одбиваат“. И само „мал процент“ се надеваат дека Москва ќе го трансформира регионот во „руски свет“.

Гувернерот Гајдаи секојдневно комуницира за состојбата на конфликтот, особено на социјалните мрежи како Телеграм или Фејсбук.

„Треба да разговараме, да се спротивставиме на руската пропаганда, но и луѓето од регионот да сфатат дека не сме ги напуштиле, дека сум таму со нив“, нагласува тој.

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....