6.8 C
Скопје
06:35 - 30 март, 2026

Грајмс откри како е да се живее со Илон Маск: „Тој живее под границата на сиромаштија, а не како милијардер“

„Некогаш го прашував зошто живееме во толку несигурна куќа, вредна 40.000 долари, каде што соседите не снимаат, нема осигурување, а јас јадам путер од кикирики осум дена по ред“, откри канадската музичарка Грајмс, поранешната девојка на Илон Маск, која за животот со милијардерот зборуваше за Vanity Fair.

-Тој не се однесува како милијардер. Некогаш живее под прагот на сиромаштија – раскажува Грајмс, додавајќи дека Маск порано не сакал да купи ниту нов душек бидејќи „не сакал да троши пари“, па стариот душек го замениле со душек од нејзината куќа.

Грајмс вели дека најголем дел од парите маск ги вложува во нови проекти.

„Многумина би рекле дека тоа е глупаво, но тој ја прави вистинската работа“, изјавила музичарката.

Маск и Грајмс започнаа врска во 2018 година, а во 2020 година го добија синот X Æ A-Xii. Двојката неодамна тајно доби второ дете, ќерката Екса Дарк Сидерел, а по објавувањето на веста повторно раскинаа.

„Веројатно и понатаму би го нарекувала дечко, но ние сме многу флуидни. Живееме во посебни куќи. Ние сме најдобри пријатели. Се гледаме цело време. Имаме само нешто што не очекувам другите луѓе да го разберат“, вели Грајмс.

 

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....