8.8 C
Скопје
00:55 - 8 октомври, 2026

Ѓорѓе Давид сака да се види со семејството на прегазената жена: „Жал ми е, ова е пекол“

Ѓорѓе Давид минува низ тежок период откако минатиот викенд доживеа сообраќајна несреќа во Македонија во која загина жена.

Музичарот, кој учествуваше во верижен судир и „покоси“ жена што се движеше по автопат, се уште е во Македонија, каде ќе остане до завршување на истрагата. По тој повод, на членот на жирито на „Ѕвезде Гранда“ му бил направен алкотест и било констатирано дека не бил пијан. А додека не заврши истрагата, Дејвид престојува во хотелот и е должен да се пријави кај надлежните органи кои се уште работат на случајот.

Српските медиуми пишуваат дека на Дејвид му било тешко да го поднесе фактот дека жената починала. Како што дознава српски Курир, рокерот треба да се види со семејството на настраданата жена.

– Ѓорѓе се уште не може да си дојде при себе поради се што се случи. Само повторува дека многу му е жал за се и дека никогаш во животот не згазнал куче. Тој рече дека ќе ја прифати секоја одлука на судот и дека сака само да заврши оваа агонија. Треба да се сретне со семејството на несреќната жена и лично да им каже дека е виновен. Веќе не е истиот човек. Тој, кој е постојано насмеан, ведар и весел, сега е депресивен и целосно променет.Не бега од одговорноста, туку повеќе од се сака да се сретне со семејството на починатата жена – вели соговорникот на српски Курир.

Ѓорѓе по несреќата зборуваше за медиумите и откри што се случило.

– Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина и крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така била повредена. Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава и како што ми рекоа од обвинителството нема да бидам приведен бидејќи не сум виновен. Имав мала скршеница, сега се смири. Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во шок, ова е пекол. Имам два конци на левата рака поради исеченици од совозачкото седиште, кое пукна. Му благодарам на Бога што имав силен автомобил, бидејќи да немав, којзнае што ќе се случеше – изјави Ѓорѓе за „Гранд“.

(Фото) Еве што се случилувало во автомобилот на Ѓорѓе Давид непосредно пред трагедијата: Моментот е „уловен“

Слични објави

Тарик Филиповиќ ѝ го честиташе 50. роденден на убавата Лејла со емотивна порака: „Никој никогаш нема да те сака како што те сакам јас“

Еспресо

Пејачот од „Мајами бенд“ откри детали од прославата на ќерките на Карлеуша и Тошиќ: „Душко беше погалантен“

apostolova

Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето Давид — семејна прослава покрај Охридското Езеро

К.С.

(Видео) Му ја продала куќата на Новак Ѓоковиќ, па изградила вила на Космај: Елена Караман ја покажа својата луксузна оаза

Еспресо

(Видео) Ксенија Николова го прекрои костумот од нејзиниот татко: „Кога го носам ја чувствувам неговата енергија“

Еспресо

По Анабела Атијас и Гаги Ѓогани оди на операција – отворено зборуваше за својата здравствена состојба

Еспресо
Се вчитува....