00:28 - 2 април, 2026

Гордо се мафташе со етикетата: кого ќе отпушти Џеј Ло?

На неа повеќето гледаат како на совршенство без маани, барем што се однесува до нејзините настапи. Скоцкана од глава до пети, секое влакненце на своето место…и 52 години во лична карта, а 30 на лик и тело. Таква беше Џеј Ло и во неделата во Венеција за време на раскошниот настан на модниот бренд „Долче и Габана“. Друштво на настанот ѝ правеа Хајди Клум и нејзиниот сопруг, внуката на принцезата Дијана – Кити Спенсер, Џенифер Хадсон, Џануари Џонс…

Латино дивата, овој пат, своите облини ги стегна во пантолони со цветен дизајн, а ги комбинираше со топ и круна, како што доликува на секоја кралица. Шлагот на тортата беше величенствената наметка. Но… кога си совршен, тешко е грешката да остане незабележана, особено од соколовите очи на извесни обожаватели на кои ништо не може да им избега. Гафот на Џеј Ло е објавен на инстаграм профилот на извесна Џозефина, каде јасно се гледа како се мафта етикетата од прекрасната наметка.

Веројатноста дека, после овој гаф, некој ќе биде отпуштен од работа, е многу голема, но ајде да не „кудиме“ пред време.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....