14:25 - 27 ноември, 2026

Горан Бреговиќ за наследничките: „Ќерките не зборуваат на српски јазик меѓу себе, сите три се од различни религии“

Музичарот Горан Бреговиќ неодамна откри непознати детали за своето семејство. Брега има четири ќерки, три со сопругата Џенана и една со жената која му била љубов во младоста.

Брега истакна дека неговите наследници меѓу себе зборуваат на француски јазик.

„Тие се Французинки, тука нема помош. Тие меѓу себе зборуваат француски, таму се израснати, завршиле француски училишта…“ рече Бреговиќ за „Велике приче“.

„Знам дека им се допадна неколкупати. Мислам дека се забавуваат добро тука. Сакаат кога се тука, ги прават оние забави со нашите народњаци. Го нарекуваат ‘селани’, но уживаат“, додаде тој во таа пригода.

Брега со Џенана ги доби наследнички: Ема, Лулу и Уна. Три вери се проткајуваат во нивното семејство. Самиот Бреговиќ е Хрват по таткова страна, Србин по мајчина страна, додека неговата сопруга е муслиманка. Исто така, неговите ќерки се од три различни религии.

„Кога моите деца беа мали, за време на Бајрам беа муслимани, бидејќи тогаш добиваа подароци, а за време на Божиќ и Велигден беа христијани, бидејќи и тогаш добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средната ќерка е будист“, почна тој.

„Секако, тоа не ми пречи. Моите деца ќе бидат Французи, иако сакаат да доаѓаат во нашите краишта и да имаат пријателки тука, но за мене и за мојата сопруга е доцна. Ние двајцата секогаш ќе бидеме наши. Лекувани наши. Тешко е во животот да се излекуваш од тоа“, изјави Бреговиќ за медиумите пред неколку години.

 

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....