13:01 - 25 ноември, 2026

Гоца Тржан открива детали за концертите и хонорарите: „Менаџерската работа би ѝ ја препуштила на Лена“

Популарната пејачка Гоца Тржан отворено зборуваше за актуелните случувања во нејзината кариера, реалните трошоци зад големите концертни продукции, новогодишните хонорари на естрадата, но и за тоа дали својата кариера би ѝ ја доверила на ќерката Лена.

Објаснувајќи зошто вториот концерт во белградскиот „Сава центар“ го планира дури за напролет, пејачката истакна дека претпочита природен ритам на работа наместо вештачко создавање еуфорија:

„Вториот ‘Сава центар’ ќе го закажеме најверојатно во мај. Ноември и декември веќе ми се пребукирани и не можам да се носам со 50 настапи во два месеци. Се трудам органски да ги продавам влезниците и органски да ги полнам салите. Тоа што некој не ја продал првата сала, а закажува втора за да создаде вештачки хајп — тоа е вложување во маркетинг и го почитувам кај оние што имаат пари за тоа, но јас одам целосно органски“, објасни таа.

Тржан се осврна и на честата заблуда во јавноста дека сите приходи од големите концерти остануваат кај изведувачот, нагласувајќи дека трошоците за закуп на сала, музичари, сценографија, озвучување, даноци и авторски права се огромни, поради што на пејачот на крајот му остануваат околу 40 проценти, додека високите новогодишни хонорари ги оцени едноставно — секоја понуда вреди онолку колку што некој е подготвен да ја плати.

На прашањето дали, по примерот на некои нејзини колеги, би ја вклучила ќерката Лена во својот професионален тим, Гоца одговори потврдно и со доза на хумор, додавајќи дека во својата 32-годишна кариера никогаш немала непријатности зад сцената:

„Апсолутно да. Лена е исклучително способна, барем со мене успешно се пазари. Имам 32 години кариера и не сум доживеала ниту една грда работа. Сè е прашање на став и на тоа како ќе се поставиш“, порача пејачката во својот препознатлив стил.

Слични објави

(Фото) Лила Филиповска ужива во празничната магија на Париз — ноќно крстарење по Сена и божиќни светилки на Шанзелизе

К.С.

Николина Пишек доживеала сообраќајна незгода во Хрватска: „Се обиде да ми го одземе телефонот и побегна, беше видливо пијан“

Е.А.

(Фото) Кристина Арнаудова се потсети на младешките денови со сопругот: „Една убава битолска пролет“

Еспресо

Неда Украден започна нов бизнис во Белград: „Повеќе ги сакам неинвазивните методи на нега отколку хируршките зафати“

Е.А.

Тајната е во една евтина состојка — рецепт за совршено крцкаво и сочно похувано пилешко месо

К.С.

Дневен хороскоп за 25 ноември: Не плашете се да предложите нешто различно

Е.А.
Се вчитува....