7.8 C
Скопје
20:54 - 31 март, 2026

Гласините за врската на Бред Пит и Емили Ратајковски стигнаа до Анџелина Џоли: Еве како реагирала

Гласините дека Бред Пит се забавува со моделката Емили Ратајковски стигнаа до Анџелина Џоли, пренесува Hollywood Life.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

Извор близок до Џоли им кажал на новинарите дека актерката обично ги игнорира вестите за тоа со кого излегува нејзиниот поранешен сопруг. Изворот додава дека 47-годишната ѕвезда е свесна за озборувањата за романсата на Пит и Ратајковски, но се грижи само за тоа како личниот живот на нејзиниот поранешен сопруг може да влијае на нивните заеднички деца. Според инсајдерски информации, Џоли ќе почне да се грижи само ако врската на Пит со новата љубовница стане сериозна.

„Се разбира, оваа вест го привлече вниманието на Анџелина, но не ѝ предизвика проблем. Ако дојде денот кога Бред Пит ќе дојде кај неа и ќе ѝ рече дека сака да им ја претстави својата нова љубов на нивните деца, таа ќе обрне внимание на тоа. Но, до овој момент, таа апсолутно не е заинтересирана за неговите љубовни афери “, сподели инсајдерот.

Пред извесно време во забавните медиуми се појавија гласини за романсата на 58-годишниот Бред Пит и 31-годишната Емили Ратајковски. Според пишувањата на медиумите, тие поминуваат многу време заедно, но формално се уште не се претставиле во јавноста како пар.

Слични објави

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....