11:47 - 4 ноември, 2026

Ѓани првпат се појави во јавноста откако гостин на свадба го касна за стомак

Популарниот фолк-пејач Радиша Трајковиќ-Ѓани се појави во јавност во опуштено расположение на една прослава кај неговата колешка Катарина Грујиќ, и тоа само по неколку дена од неверојатниот инцидент што му се случи на приватна забава.

Имено, пред неколку дена, додека пеел на свадба, еден од гостите премногу се занел од песната, па во екстаза буквално го каснал пејачот за стомакот. Ѓани веднаш побарал медицинска помош, каде што лекарите му ја санирале повредата и го задржале на кратко набљудување.

По повод овој бизарен настан се огласи и неговата сопруга Слаѓа, која откри дека Ѓани морал да прими тетанус и да пие антибиотици бидејќи каснувањето било точно на место каде што имал бенка.

„Човекот го касна, сега ми е смешно, ама тогаш не ми беше. Не беше намерно, тие се познаваат оддамна и се шегувале. Сепак, многу се уплашив. Утре ни е годишнина од бракот, па планирам да му купам кацига, панцир и штит за во иднина“, низ насмевка изјави Слаѓа.

И покрај повредата, Ѓани во придружба на својот син пристигна на промоцијата кај Катарина Грујиќ и не ја симнуваше насмевката од лицето, докажувајќи дека ниту еден забен гостин не може да му го расипе доброто расположение.

Слични објави

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо
Се вчитува....