16:08 - 24 ноември, 2026

Отуѓени семејства и малограѓански манири: Сузана Турунџиева ја поддржа критиката на професорката Алексиќ

Сузана Турунџиева ја поддржа професорката Татјана Алексиќ која на Фејсбук напиша колку денешната генереација млади се отуѓени од вистинскиот живот.

„Новата, милениумска, интернет генерација не поднесува авторитети и традиционални норми за однесување. Не ги скрола ниту чипира, да се изразам со нивниот јазик. Нивниот омилен дом е компјутерот, со него живеат и комуницираат исфрлувајќи ги книгите од полиците, семејните фотографии од албумите, топките и џамлиите од игралиштата, мандолините од училишниот оркестар. Комуникацијата со родителите е преку смарт телефоните, со наставниците преку смарт таблите.

Дури и традиционалното водење љубов пермутира во сајбер секс комуникација.

Во такви отуѓени семејства наместо жива човечка комуникација, како алатки за „мир во куќа“ , се користат малограѓански манири за купување љубов и среќа од продавници или онлајн нарачки. Резултатот е сѐ повидлив. Љубовта се повлекува, триумфира злото. Најголемото зло е кога злото не се казнува!

Ех да може да се нарачуваат школувани срца“, напиша професорката по македонски, Татјана Алексиќ. На оваа нејзина објава, Турунџиева се надоврза со поддршка и со зборовите:
„Колку вистинито, браво професорке!

Слични објави

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.

„Бев малолетна“: Наташа Беквалац откри на колку години го имала првиот интимен однос

Е.А.

(Фото) Маја Гроздановска-Панчева изгледа неверојатно на 53 години — пејачката се појави во елегантно издание на настап во Скопје

К.С.
Се вчитува....