20:11 - 3 ноември, 2026

Душа како вештерка: Лила Филиповска откри интимна приказна за неа

Лила Филиповска со интересна порака откри дел од својот карактер.
Познатата водителка докажа дека максимално ужива во својата кожа и дека нема проблем отворено да ги покаже сите страни на својот карактер.

Позната по својот префинет стил, секогаш професионалното однесување пред камерите и харизмата со која со децении ја освојува публиката, Лила овојпат на социјалните мрежи сподели интересна објава која ги открива нејзините „скриени“ адути.

Таа на својот Инстаграм-профил објави приказна со опис на карактерот на жените родени во хороскопскиот знак Вага, со кој очигледно целосно се идентификува. Во објавата стои:
„Девојката Вага има: душа на вештерка, оган на лавица, срце на хипик, уста на морнар.“

Со оваа дефиниција, Лила стави до знаење дека зад нејзината нежна и елегантна надворешност се крие огнен темперамент, силна интуиција, слободен дух, но и подготвеност без влакна на јазикот да го каже она што го мисли.
Инаку, како позадинска музика на ова стори, Лила ја избра песната „Just Saying“ од Алина Еремиа, со што дополнително ја зачини пораката – таа едноставно си го кажува своето.
Лила неодамна беше на патување во Бодрум, Турција со пријателка, па на друга Инстаграм-приказна сподели дека ѝ недостасува морето.

Слични објави

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.
Се вчитува....