05:47 - 23 септември, 2026

(Фото) Во добро и зло: Се омажи пејачката Анета Љумаковска

Фолк-пејачката Анета Љумаковска се омажи за својот колега, музичарот Рубин Размо. На своите профили на социјалните мрежи, пејачката објави заедничка фотографија на која таа е облечена во бел костум со букет во рацете, а тој во бело палто.

Љумаковска не ставила опис до сликата, но по амбиентот и по честитките под неа, станува јасно дека му се заколнала на вечна љубов на колегата. До сликата таа симболично ја избрала песната „Во добро и зло“ (У добру и злу) од Борис Новковиќ.

Анета и Рубин пред неколку месеци јавно проговорија дека се во љубов. Оттогаш, пејачката од Битола често објавува слики од нивните чести заеднички патуања.

„Што се однесува до тоа дали сум повторно вљубена и дали имам некој во мојот живот, еве сега решив да се изјаснам и јавно да им ставам крај на шпекулациите – да, вљубена сум, но не повторно, туку за првпат во мојот живот“, изјави Анета за „Гламур магазин“.

Рубин е инаку поранешен член на групата „Молика“ и свири саксофон, а сега настапува со својата сакана.На Анета, ова ѝ е втор брак. Од првиот, таа ја има ќерката Моника.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ денеска полни 31 година: Мајка ѝ Борка објави досега невидени фотографии од нив двете

Еспресо

Сузана Манчиќ за новата улога на баба: „Ѝ реков на ќерка ми дека нема многу да ѝ помагам“

Еспресо

„Еден бакнеж“, песната од која Нина Спирова не била воодушевена, а станала нејзин заштитен знак

Т.Ц.

Милиќ Вукашиновиќ жестоко го прозва Бреговиќ: „Стана мала селска измамничка“

Еспресо

(Фото) Полноќно изненадување за Маја Шупут во хотелската соба – го прослави роденденот во Лондон

Еспресо

(Фото) Македонскиот шминкер Марјан Петров го прослави роденденот во Милано, се сретна со Адријана Лима и Сијара

Еспресо
Се вчитува....