15.8 C
Скопје
14:05 - 22 март, 2026

ФРАНЦУСКИОТ ПУТИНИЗАМ Е СИЛЕН МЕЃУ МЛАДИТЕ: „Мислам дека ќе победи Макрон, но се плашам од експлозија на општествен гнев“

До неодамна мнозинството Французи (88%) имаа негативна слика за Путин, а 10% гледаа позитивно на рускиот претседател. Овој процент, со конфликтот во Украина, се искачи на дури 24 отсто!

„Францускиот путинизам е многу силен меѓу младите луѓе, со 24% позитивни мислења“, вели политикологот Доминик Рејние, директор на фондацијата „Фондапол“ и политиколог кој спроведе истражување за ефектите од војната во Украина врз претседателските избори.

Дали Ле Пен се гледа како кандидат на Путин?

„45% од Французите сметаат дека таа е кандидатката која ја бара Кремљ. Путинизмот во Франција е трансверзален, но концентриран во блокот на три радикални движења – Меланшон, Ле Пен, Земур – кои добија повеќе од половина од гласовите во првиот круг. Консензусот кон Путин е поголем кај оние со месечни примања помали од илјада евра во споредба со оние над 3.500: 20% наспроти 6. Путинистите честопати се истите оние кои имаат позитивно мислење за движењето на жолтите елеци (81% споредено со 49 од националниот просек) и NoVax (75% наспроти просечните 30%)“.

На прашањето дали има поврзаност помеѓу путинизмот и NoVax, политикологот Рејние одговара:

„Има директна врска во податоците: ако само 8% од вакцинираните имаат позитивно мислење за Путин, процентот се зголемува на 25 меѓу невакцинираните. Другата очигледна врска е поврзана со ЕУ. 36% од оние кои го сакаат рускиот претседател се исто така за ЕУ, додека националниот просек за ЕУ е 56%“.

Додека Ле Пен предлага напуштање на НАТО, половина од гласачите сметаат дека членството на Франција во НАТО е добра работа.

Во меѓувреме, „аајакна и консензусот кон ЕУ и единствената валута. Тоа е дел од противречностите на оваа земја“, објаснува Рејние.

Француските гласачи кои го поддржуваат Путин се оние кои велат дека се уверени дека ќе гласаат за Ле Пен,.

– Мислам дека Макрон ќе биде реизбран, но се плашам од експлозија на социјален гнев. Овие избори не се засноваат на гласање „за“ Макрон, туку на гласање против Ле Пен. Ова создава демократска фрустрација и можни нови бунтови, заклучува Рејние, а пренесува „ла република“.

 

Слични објави

Еве што се случува со имотот на Видој по помирувањето на Николина Пишек и Миша Гроф

Еспресо

„Има проблем да се одвои, со него сум и во тоалет“: Марија Шерифовиќ со детали за односот со синот Марио

Еспресо

(Фото) „Тато и неговите наследници“: Богдана објави неодолив момент од Вељко Ражнатовиќ со синовите во Русија

Еспресо

Хороскоп за 22 март: Раковите ќе имаат опуштени разговори со партнерот, Вагите ќе бидат во добро расположение

Еспресо

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо
Се вчитува....