10.8 C
Скопје
02:32 - 4 април, 2026

Фотографија со СРПСКИ АКТЕРИ од култниот филм се шири на Интернет, луѓето пишуваат дека тоа се РУСКИ ВОЈНИЦИ!

На социјалните мрежи секојдневно се споделуваат стотици информации и дезинформации за војната во Украина и за руската инвазија. Социјалните мрежи се преплавени со купишта информации, но меѓу нив, за жал, има и многу непроверени вести.

Токму во една таква дезинформација се најдоа, ни криви ни должни, српските актери Драган Бјелогрлиќ, Никола Којо и Ненад Оксановиќ.

Имено, на твитер-профилот Ukrainehouse се појави фотографија со сцена од култниот филм од 1996 година „Убавите села убаво горат“. На фотографијата се прикажани Драган Бјелогрлиќ и Никола Којо како наздравуваат со пиво откако го запалиле селото.

-Руските окупаторски војници пијат пиво откако запалиле село. Европската цивилизација исчезнува во пламен – пишува во објавата на Твитер.

Набрзо потоа објавата е избришана, но дезинформациите се шират со брзина на светлината и во други објави. Така српскиот актер Ненад Оксановиќ беше заменет со украински војник, а Никола Којо беше претставен како украински генерал.

-Ова е херој на Украина. Се вика Николај Којченко, генералот којшто низ прозор го гледа неговиот уништен Киев – стои во објавата.

 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....