14:16 - 5 септември, 2026

(Фото) Ѕирнете во вилата на Новак Ѓоковиќ и семејството каде вчера се славеше до зори: Камин, мермер, луксузни декорации кои оставаат без здив

Семејството Ѓоковиќ во текот на вчерашниот ден ги доби најубавите вести, бидејќи најмладиот од тројцата браќа Ѓорѓе Ѓоковиќ стана татко. По тој повод тие приредија голема прослава, а кадрите од луксузната вила кадешто се славеше, а кои се појавија во српските медиуми, ги оставаат сите без здив.

Семејството Ѓоковиќ ја слави прославата на Александар во Рума, а на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како го украсиле семејниот дом во Војводина.

Имено, познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ со помош на своето семејство своевремено изградил вила во војводинското село Павловци, која со својата големина и луксуз остава без зборови, а има и директен пристап до Павловското Езеро.

Оазата на мирот на Ѓоковиќ се наоѓа во живописното село Павловци, на падините на Фрушка Гора, помеѓу Ирига и Рума. За семејството Ѓоковиќ било исклучително важно вилата да биде изградена во природа, па избрале многу зеленило кои ја засолнува вилата далеку од очите на јавноста.

До гламурозниот базен има бела декорација, маси со бели чаршафи, палми, како и балони во боите на српското знаме.

Внатрешноста на вилата зрачи со неверојатен луксуз, па можете да видите камин со многу атрактивен дизајн, како и мермерни скали.

Инаку, идејата да се изгради оаза на мирот во Војводина потекнува од таткото на Новак, Срѓан, кој сакал целото семејство Ѓоковиќ еден ден да може да се собере заедно и да се одмори на езерото.

Потсетуваме дека Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата сопруга Сашка Веселинов лани ја прославија својата љубов и со црковна венчавка во црквата Свети Марко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TV NOVA (@novam.tv)

Слични објави

Лепа Брена: „Во прво одделение се тепав со едно момче, не ми се допаѓаше таа дискриминација“

E.A.

(Фото) Сека Алексиќ го покажа Вељко избричен и потстрижен — следбениците изненадени од неговиот нов изглед

E.A.

Андрија Милошевиќ сурово се пошегува на сметка на Д-р Иги — „горат“ социјалните мрежи

E.A.

Кога позира во костим за капење изгледа како манекенка – ова е тајната на витката фигура на Верица Ракочевиќ на 78 години

Еспресо

(Видео) Сопругата на Петар Грашо покажа како спрема нова песна – синчето Тони беше во нејзиниот скут

Еспресо

Шабан Шаулиќ направил тестамент три месеци пред трагедијата – еве на кого му оставил милиони и недвижен имот

Еспресо
Се вчитува....