11:26 - 10 ноември, 2026

(Фото) Ѕирнете во јахтата на Брена од шест милиони: Прослава со стил

Поранешниот тенисер, сопруг на Лепа Брена и истакнат бизнисмен, Слободан Боба Живојиновиќ вчера го прослави својот 60-ти роденден.

Познатиот пар цело лето го поминува на луксузна јахта, од која Брена во оваа прилика му го честиташе јубилејот на својот сопруг.

Имено, пејачката на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која заедно со Боба наздравуваат со шампањ и напиша: „Среќен роденден“.

Исто така, најпознатиот пар на поранешна Југославија неодамна ја прослави 31-та годишнина од бракот, а фолк ѕвездата своевремено се присети на почетокот на нивната љубов:

-Кога го запознав Боба ми се допадна неговата спонтаност и искреност и знаев дека, како и јас, немаме многу време за губење, бидејќи нашите кариери тогаш беа во својот зенит. Си реков: „Сега или никогаш“. Се сеќавам, се запознавме по премиерата на првиот дел од филмот „Ајде да се сакаме“ во Синдикалниот дом. Нè запозна Рака Ѓокиќ – рече Брена.

Слични објави

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо
Се вчитува....