20:28 - 24 ноември, 2026

(Фото) Живкица е одлична готвачка, оваа нејзина домаќинска страна е послабо позната

Живкица Каленикова се покажа како одлична домаќинка. Шарматната водителка и новинарка ужива во готвењето, што во неколку наврати го има покажано на социјалните мрежи.
Живкица гостуваше во емисијата „Готвиме со Дракче“ која ја води Драгица Стевковска-Дракче. Таа објави слики од гостувањето на Живкица и до нив напиша:
-Нашата премила Живкица Каленикова радио и тв.водител искусна бо својата работа но и во готвењето. Денес во ,,Гответе со Дракче“ со два специјалитети и многу разговор“, стои во објавата. За нејзината умешност во кујната, Жиле зборуваше во едно интервју за „Слободен печат“.
Фото/Фејсбук
– Правам преубаво оривче во тавче, она „најбапското“, она што од мајка ми сум го научила како рецепт, растурена сарма, што и јас многу ја сакам, полнетите пиперки што ги обожаваат децата – и јас ги сакам, компир манџа. Зборувам за оние традиционални јадења. Она што уште не можам да го изучам е да ги направам јуфките онака како мајка ми – домашни таљатели, а знам и да месам. Така што, тоа се моменти што ги сакам и ги негувам и денес. А она што денес е дел од модерната кујна, смутиња и други работи се подготвуваат кај нас поради здравје, но тоа не е многу голема филозофија – рече Каленикова.

Слични објави

Секој има свој кат: eве кој сè живее во замокот на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра

Еспресо

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо
Се вчитува....