32.8 C
Скопје
14:50 - 13 август, 2026

(Фото) Живее во Љубљана, работи во Дубаи и зборува пет јазици: Дара Бубамара е во врска со 20 години помлад манекен

Српската пејачка Дара Бубамара подолг период ужива во љубовниот живот, а неодамна беше откриен идентитетот на младиот маж со кого се поврзува.

Според пишувањата на медиумите, таа е во емотивна врска со 20 години помладиот Борис Видовиќ. Тој дополнително ги поттикна ваквите гласини со објава во која ја користеше нејзината песна „Опасан“, при што го истакна стихот „кажуваат сешто“.

Борис со години живее на релација меѓу Љубљана и Дубаи, каде што работи како манекен, а со својот изглед привлекува големо внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Vidovic (@sportyris)

Тој е многу посветен на физичката форма, редовно тренира и често објавува фотографии, со кои привлекува бројни симпатии, особено кај женската публика.

Во едно претходно интервју открил дека зборува дури пет јазици – словенечки, хрватски, англиски, шпански и малку германски, а низ шега додал дека можеби зборува и шести – јазикот на љубовта.

Пред да влезе во британско реално шоу, зборувал и за тоа каков тип девојка го привлекува.

„Немам конкретен тип. Ако нејзината енергија одговара на мојата, тоа ми е доволно. Освен тоа, ми се допаѓа убава насмевка, убав изглед и силна личност. Сакам некој со кого можам да се смеам цел ден. Ако знае и да ме задева, веќе го освоила моето срце“, изјавил тој.

Засега, младиот манекен сè уште не ги потврдил гласините за врската со пејачката.

Слични објави

(Фото) Јордан Митев наполни 40 години — ќерка му го разбуди со најубавото роденденско изненадување

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан го менува презимето? Лена со еден коментар наговести дека ги прекинува сите врски со татко ѝ

E.A.

(Фото) Впечатливо претставување на македонската убавица Ева Величковска на Мис на светот

Еспресо

Џина Џиновиќ ги искритикува познатите: „Даваат 450 евра за обична бела маица, тоа е чиста глупост“

E.A.

„Никој не знае дека сум половина Македонец“: Мат Киатипис, светската ѕвезда на уличната кошарка, откри дека има македонско потекло

Еспресо

(Фото) Лила Филиповска ужива во Бодрум — згодната водителка позира во впечатливи летни изданија

Еспресо
Се вчитува....