8.8 C
Скопје
11:01 - 1 април, 2026

(ФОТО) ЖЕШКО: Клои Кардашијан ги покажа стомачните мускули во секси бикини

Третата од сестрите Кардашијан се покажа на Инстаграм со жешки фотографии, а со подзината уста останаа нејзините дури 187 милиони следбеници!

Не мора да имате некоја посебна причина за славење за да се фотографирате за Инстаграм, но овојпат Клои Кардашијан има. Третата од најпознатите сестри во Америка ја покажа својата статуезна фигура со серија жешки фотографии од плажа. Во фокусот се нејзините стомачни мускули, односно затегнатиот и рамен стомак. Инфлуенсерката ги споделила овие фотографии за да овековечи голема пресвртница: достигна 187 милиони следбеници!

Инстаграм

„187 милиони !!!! Здраво драги мои !!! Ми недостасува овој тен и оваа плажа “, напиша Клои како наслов за галеријата со фотографии во која го покажува напредокот постигнат во салата за вежбање во последните месеци. Нејзините пријатели и членови на семејството Кардашијан не губеа време и побрзаа да ја коментираат објавата на Клои со пофалби за нејзината топ форма. Сестрата Кајли Џенер напиша „ВАУ“.

Но, Клои Кардашијан се најде во центарот на вниманието во последната недела и за уште една вест што се однесува на неа. И не, овој пат не се работи за нејзиниот љубовен живот. На почетокот на оваа недела, Кардашијан го шокираше веб светот откако го покажа своето тело во топлес кампања за Good American, деним брендот што го основа со Ема Греде. Брендот, како што е наведено на различните социјални профили, е создаден со цел да го претстави „Прифаќањето на телото“, односно со цел промовира прифаќање на телото онакво какво што е.

Инстаграм

 

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....