9.8 C
Скопје
00:51 - 29 септември, 2026

(Фото+видео) „Не сум татко за секој втор викенд“: Поранешниот на Марија Микиќ проговори за разводот и судската одлука за старателството

Пејачката Марија Микиќ неодамна стави крај на врската со својот поранешен сопруг Јован Пантиќ, со кого има две деца, ќерката Ѓурѓа и синот Милија.

Јован сега јавно се огласи на својот инстаграм-профил и им се обрати на своите наследници со емотивни зборови.

Имено, тој отишол во градинка да ги земе ќерката и синот, а во описот на објавената фотографија јасно стави до знаење колку е силна и неизмерна неговата љубов, и покрај разводот со нивната мајка.

Во таа прилика, Пантиќ се осврна и на судската пресуда со која се регулира старателството над децата по разводот и моделот на посета.

 

– Нема судија, нема пресуда што може да ја надмине мојата љубов кон нив. Нема човек посилен од срцето на нивниот татко. Јас не сум татко за секоја втора среда и секој втор викенд. Јас сум нивни татко за секој ден, во моите мисли, во моето срце и во секоја борба што ја водам за нив – напиша Јован Пантиќ, а потоа продолжи:

– Моето време со нив можеби има свој распоред, но мојата љубов кон нив нема граници. Направив многу невозможни работи во мојот живот. Затоа знам дека можам да направам посебен календар за нас. Календар во кој уште многу денови поминати со нив ќе имаат свое место, бидејќи љубовта кон нив не може да се вклопи во никаква пресуда или датум. Бидејќи она што го носам во моето срце нема граница за нив.

Инаку, ова не е првпат Јован отворено да зборува за своите емоции, бидејќи претходно зборуваше за осаменоста што ја чувствува кога не е со своите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovan Pantic (@jokarica89)

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....