15:50 - 25 август, 2026

(Фото) Рачно изработено богатство — нова страст на Татјана Стојановска

Телевизиската презентерка Татјана Стојановска ја сподели својата нова страст на социјалните мрежи.

Станува збор за едно поинакво и креативно искуство. Наместо пред камерите, Татјана овојпат се најде во креативна работилница, каде се испроба во изработка на керамика на грнчарско колце.
Со насмевка и голем ентузијазам, таа покажа како од едно обично парче глина, со многу трпение и умешност, може да се создадат уникатни рачни изработки.

„Изработки од глина на колце. Кога од парче глина ќе се добијат изработки што се рачно изработено богатство. Благодарам за можноста да го доживеам ова креативно и инспиративно искуство“, напиша Татјана во описот на објавата.


Од фотографиите и видеата може да се забележи дека таа целосно уживала во процесот, од првиот допир со глината, па сè до моментот кога изработките почнале да ја добиваат својата форма и боја.

Татјана Стојановска повеќе од 30 години е едно од најпрепознатливите телевизиски лица во Македонија. Како долгогодишна ТВ презентерка на вестите на Канал 5, таа е препознатлива по својот професионализам, смиреност и одлична дикција пред камерите. Неодамна Татјана привлече внимание и со објава на социјалните мрежи во која покажа како изгледа нејзиниот работен ден уште пред изгрејсонце: од подготовка, шминка и микрофон, па сè до првото утринско вклучување во етер, откривајќи дека нејзината телевизиска приказна трае повеќе од три децении.

„Кога човек работи професионално во една професија и се надградува чекор по чекор, и со искуството кое си доаѓа со годините расте во професијата и почнува да плива сигурно во неа, резултатот е неминовен. Секако за една јавна личност да се одржи толку многу години во професијата, важни се и карактерните особини на личноста. Ненаметливоста, културата во однесувањето и надвор од професијата, поведението, почитта на сите луѓе кои се вашата публика, оставањето позитивен впечаток во опкружувањето, сето тоа е габаритот кој ја издигнува една јавна личност во бренд“ рече Татјана во едно интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

(Видео) „Холивуд, чекај ме!“: Андрија Милошевиќ во шорцеви и раскопчана кошула возеше автобус

Еспресо

(Фото) Мебел што не излегува од мода – изберете квалитет од масивно дрво со Wood Room“

Еспресо

(Фото) Ќе ги препознаете ли? Мартин и Стефан од „Некст тајм“ како деца маскирани во Станлио и Олио

Еспресо

(Фото) Само најдоброто за малата Тара – Раста крстари со ќерката на луксузна јахта, сподели семејни моменти

Еспресо

„Летај галебе“ ми дојде на сон: Како Кире Костов ја создаде песната што Верица Ристевска ја претвори во евергрин

Т.Ц.

(Фото) Мислела дека никој не ја снима: Вака се однесува Александра Пријовиќ со обожавателка

Еспресо
Се вчитува....