3.8 C
Скопје
00:26 - 21 декември, 2024

(ФОТО) ВЕЧНО МЛАДА: Сите мислат дека имам 30 години, а имам над 50 години

Лиза Лора

Лиза Лора вели дека е навикната луѓето да се збунети кога станува збор за нејзината возраст. Имено, Лиза е медицинска сестра од Лотон, Англија, и тврди дека луѓето секогаш претпоставуваат дека има триесетина години – што ѝ ласка, но понекогаш ѝ е и непријатно, пишува „The Sun“.

„Понекогаш се срамам, а понекогаш се гордеам со себе. Се чувствувам како да добивам повеќе комплименти сега отколку кога бев помлада. Каде и да одам, некој ми дава комплименти и луѓето не можат да поверуваат колку години навистина имам“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liza Laure (@lizalaurequeen)

Лора, исто така, вели дека луѓето често мислат дека има помеѓу 30 или 35 години. Таа како што вели, само им се заблагодарува затоа што тоа многу ѝ ласка. Ѝ се обраќале и многу помлади мажи, но таа само се насменувала.

„Тие се шокирани кога ќе дознаат дека сум доволно возрасна за да им бидам мајка“, додава Лиза.

Лиза вели дека тајната за нејзиниот убав изглед е добрата шминка, иако има и еден многу необичен совет.

„Мојата рутина за нега на кожа е многу секојдневна. Немам скапи работи бидејќи сум алергична на многу производи. Колку поевтино толку подобро. Никогаш не сум одела на ботокс или филери затоа што се плашам од тоа. Носам шминка и лажни трепки 80% од времето“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liza Laure (@lizalaurequeen)

„На секои три месеци пресекувам компир и го тријам на усните. Не знам од каде потекнува оваа техника, но ги прави усните да останат полни. Тоа е добар и природен начин да се добијат полни усни“, тврди Лиза.

Но, иако сега зрачи со самодоверба, Лиза не се чувствувала отсекогаш така. Порано била многу срамежлива. Во 2016 година се пријавила на избор за убавина. Оттогаш, започнала да позира пред камера како модел за независни модни брендови и за разни брендови на накит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liza Laure (@lizalaurequeen)

„Порано бев многу срамежлива и тивка, но еден ден решив да излезам од зоната на удобност. Сега сум сигурна во себе и верувам дека никогаш не е доцна да пробате нови работи. Јас се натпреварував на четири натпревари за убавина и уживав во секоја секунда“, заклучи Лиза.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....