7.8 C
Скопје
22:11 - 30 март, 2026

(Фото) Ума Турман со синот на Кански филмски фестивал: Еве кој е Левон Хок, ист е како мама

Ума Турман присуствуваше на отворањето на Канскиот филмски фестивал 2023 година, вчеравечер, и тоа го направи во друшто со нејзиниот син Левон Хок, парадирајќи на црвениот тепих и оставајќи впечаток за врвен вкус за елеганција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WHOOPSEE (@whoopsee.it)

Во раните вечерни часови на Канскиот филмски фестивал, славните деца на познатите не можеа да изостанат: покрај Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас блесна ќерката Керис Даглас, а Ума Турман пристигна во друштво на својот син Левон Хок (вториот син на Ума Турман и Итан Хок). Левон има 21 година и израснал во центарот на вниманието, само помислете на фактот дека уште од неговата најрана возраст мајка му сакаше да го носи со себе на меѓународните црвени теписи.

Тој нема многу професионално искуство, но веќе го имаше своето актерско деби во филмот Blackout.

Сега, покрај тоа што има страст за модата и учествува како манекен на модните недели ширум светот, веќе добива и поважни улоги – на пример, моментно е ангажиран за последната сезона на Stranger Things. Засега сигурно е дека тој импресивно личи на мама Ума и, како неа, се чини дека е предодреден да влезе во светот на филмската индустрија.

Ума Турман и Левон Хок прошетаа рамо до рамо на свеченото отворање на црвен тепих во Кан, обајцата фокусирајќи се на облека на Диор.

Актерката се трансформираше во вистинска принцеза со долг сатенски фустан во боја на пудра, и нагласено Ве деколте. За да го комплетира изгледот, избра долга наметка од истата ткаенина, но во виолетова нијанса, и остави уште поспектакуларен впечаток. Блескавиот допир не изостана – тука е дијамантските накит од Чопард.

Левон пак, изгледаше многу елегантно во скроен по мерка син коктел костум (исто така од Диор) во комбинација со бела кошула и вратоврска-пеперутка. Панталоните се класични, додека сакото е со странично закопчување.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....