9.8 C
Скопје
03:33 - 4 април, 2026

(Фото) Тијана Дапчевиќ посети „пластичар“: Еве какви промени направи на лицето

Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ со години негува природен изглед, а отсекогаш важела за многу убава жена, која во се се издвојувала од толпата. Но, изгледа и таа подлегна на трендот на подмладување, па посети пластичен хирург.

Како што истакнува во видеото кое го објави на Инстаграм, со години оди кај истиот пластичен хирург, но дури сега решила да направи некои поголеми промени на лицето. На снимката се гледа дека лицето на Тијана е многу отечено и црвено, но таа објасни за што се работи.

– Мојата пријателка излегува од кај естетскиот хирург како ништо да не направила, а јас сум секој пат ваква, но за среќа брзо поминува. Сето ова се случува затоа што имам почувствителна кожа – објаснува пејачката.

Пејачката со години беше категорична дека не сака да ги зголеми усните, иако нејзиниот „пластичар“ пет години ја наговарал на тоа. Но, сега попуштила и ги зголеми усните со хијалуронска киселина. Кога го видела резултатот, Тијана се воодушевила.

– Аууу, па моите усни се исти како што некогаш беа. Боже, каква коза сум јас што не сум го правела ова досега – се пошегува Тијана.

Мора да се признае дека усните на Тијана навистина изгледаат убаво и природно и дека никој можеби не би ни забележал дека ги зголемила, доколку не одлучи да го сподели ова со своите следбеници на Инстаграм.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....