22:11 - 6 ноември, 2026

(Фото) Тарик Филиповиќ стана „матичар“ на свадба и ги воодушеви сите: „Почнаа да пристигнуваат понуди“

Популарниот водител и актер Тарик Филиповиќ изненади со несекојдневна улога на свадбена церемонија во Бока Которска и предизвика бројни реакции. Тој за кратко време се најде во улога на матичар, што очигледно им се допадна на присутните, но и на идните младенци.

Иако ретко открива детали од приватните семејни моменти, токму оваа необична улога на свадбата на неговата внука Самра и нејзиниот партнер Урош стана хит на социјалните мрежи.

На романтичната церемонија што минатиот викенд се одржа во местото Каменари, на брегот на Бока Которска, Филиповиќ застана пред младенците како матичар. Иако не станува збор за официјална функција, неговото присуство и начинот на кој ја водел церемонијата ги воодушевиле гостите.

„Сè започна пред две години, кога се женеше синот на еден пријател. Од шега, бидејќи официјалниот дел веќе беше завршен, за втората церемонија сакаа лажен матичар. Заклучија дека ќе биде забавно јас да ја организирам таа шега. Тоа го виде внуката на Лејла и посака и јас да бидам нејзин ‘матичар’, откако парот веќе се венчаше. Така се прошири приказната, почнаа да пристигнуваат понуди“, раскажал „матичарот“ Тарик Филиповиќ, додавајќи низ шега дека можеби пред него се отвора нов правец во кариерата.

Свадбата била вистинска бајка. Летната вечер покрај морето, со поглед кон Бока Которска, дополнително ја создала романтичната атмосфера. Невестата блескала во сатенска венчаница со корсет од тантела, додека нејзината тетка Лејла Филиповиќ избрала елегантна вечерна тоалета во чоколадна боја.

Сопругата на популарниот водител, претприемачка и поранешна Мис на Хрватска, изгледот го надополнила со елегантна фризура, плетена чанта и златни сандали. Тарик, пак, се одлучил за сино-бела кошула на пруги и светли панталони.

Лејла на социјалните мрежи, покрај фотографија со невестата, напишала: „Убавицата на тетка“.

На прославата во клубот покрај брегот гостите уживале во богата понуда на храна – од избрани сирења и сувомеснати производи, домашен леб и маслинки, до тартар од свежа риба и карпачо од ракчиња.

Следувале рижото со летни тартуфи, бавно печено телешко месо, филети од свежа риба и свадбена торта.

Сепак, најмногу внимание привлекол токму настапот на „матичарот“ Тарик Филиповиќ, кој со својот препознатлив хумор и топлина ја водел церемонијата.

По оваа изведба, нема сомнеж дека актерот и водителот би можел да добие уште многу понуди за да биде дел од посебните моменти на други младенци.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....