03:10 - 7 ноември, 2026

(Фото) Едита сподели интимен момент како го дои бебето: „Не купувам дохрана“

Пејачката Едита Арадиновиќ неодамна ја доби својата прва ќерка, на која ѝ го даде името Зоиа, а сега сподели дел од секојдневието со новороденчето и откри како се снаоѓа во улогата на мајка.

Откако со следбениците ги сподели моментите од породувањето, како и првата ноќ дома со бебето, Едита овојпат покажа и како изгледа нејзиното искуство со доењето.

„Ситуацијата е следна. Не купувам дохрана, ја дојам. Зорица (тоа ѝ е уметничкото име) е легенда, која ми помага и се труди, иако е родена со царски рез“, напиша Арадиновиќ, гордо зборувајќи за својата ќерка.

Пејачката претходно откри дека породувањето било предвреме, бидејќи терминот ѝ бил закажан за 3 август, но бебето решило да пристигне порано.

Ќерката Зоиа ја доби со поранешниот партнер Ненад Стевиќ. Иако двајцата се разделиле, останале во добри односи, а тој ја посетил и додека таа била во породилиштето.

Едита неодамна призна и дека првите денови дома не биле лесни.

„Мислев дека ова ќе ме заобиколи, но ‘бејби блуз’ ме скрши. Не спиев ниту малку, бевме сами, тука беа и конците, и измолзувањето, и миењето, и кревањето. Но, што да правиш, така сакав“, изјавила таа по првата ноќ со бебето дома.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....