12.8 C
Скопје
18:13 - 17 октомври, 2026

(Фото) „Моторџиска“ летна авантура — Тамара и Лука уживаат во љубовта

Пејачката Тамара Тодевска сподели дел од своите летни авантури со партнерот, Лука Радовиќ.

На најновата Инстаграм-приказна таа објави фотографија како се вози на мотор со својот сакан, по патот што минува покрај Охридското Езеро. И двајцата се со заштитни кациги и „моторџиска“ кожена облека, а во позадина се доловува магијата на охридското крајбрежје.

Тамара го означи Лука Радовиќ во објавата и додаде бело срце, без дополнително објаснување, оставајќи фотографијата сама да ја раскаже приказната за нивната летна авантура.

Фото: Скриншот

Пред неколку емсеци, се шпекулираше дека тие веќе не се заедно но Тамара рече дека никогаш не ја прекинала врската со архитектот.

„Немам што да кажам повеќе. Се гледа сѐ на сликата. Никогаш не сме престанале“, рече пејачката за „Слободен печат“. Во неодамнешно интервју, таа зборуваше за своите деца Хана и Дарен и за тоа што научила од нив.

„Ме научија да уживам во едноставните работи, во еден обичен ден, момент… дека не треба нешто големо да се случи за да се чувствуваме среќни. Еве, ова интервју ти го одговарам од плажа, додека тие пливаат пред мене и премногу сум благодарна за овие моменти. Ми донесоа спокој и мир што многу ми требаа. На дневно ниво јас не им делам лекции, но им кажувам дека мора да споделуваат, да се поддржуваат и да бидат свои. По учебник не можеш да ги воспитуваш, но тоа што го гледаат е доволно. Се обидувам да им овозможам многу и сакам да бидат среќни и безгрижни“, рече пејачката.

Таа со многу љубов го промовира албумот „Кукла жива“ а на 3 октомври ќе одржи концерт во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Слични објави

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ ракажа се за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova
Се вчитува....