23:50 - 9 јануари, 2026

(ФОТО СТОРИЈА) ВРЕДНИТЕ РАЦЕ НА НИКОЛИНКА: И за дворот се грижат од душа и украсни црквички изработуваат

Николинка Тодорова вели дека со цвеќиња се занимава откако знае за себе, а моментално, покрај раскошните дворови за кои се грижи изработува и украсни црквички.

Верата, љубовта и надежта кон Бога ме поттикнаа да изработувам украсни црквички, вели нашата Соговорничка.

За уредувањето на дворот кој е отприлика 55 м2 и се наоѓа во Кавадарци се грижи грижи лично, госпоѓата Николинка.

– Имам и огромен двор на Тиквешко Езеро, исто уредувам и одржувам и таму, со мои мисли и визија…

Таа дневно поминува 1-2 часа во грижа за нејзиниот двор, а во него растат:

– Сардела, мумулус, импатија, имам исто семсир, борчиња, собни цвеќиња, шафлера..

Кое е вашето омилено цвеќе и зошто?

– Калахное бидејќи најмногу им стои цветот, имам љубов кон секое цвеќе.

Николинка како и сите нас, се прилагодува на зимската сезона…

– Секоја година дворните цвеќиња ги обновувам, а собните си ги одгледувам дома во просторијата.

– Оние што сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња би им ја препорачала сарделата и мумулос, бидејќи не мрзнат, семето им паѓа и самите се размножуваат, е градинарскиот совет на нашата соговорничка.

Инаку, Николинка е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

МАГИЈА ВО ДВОРОТ И ДОМОТ НА ВИКТОРИЈА: Сакам сè да блеска и да биде волшебно!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

КАЈ Е СЕВЕР? КАЈ Е ЈУГ? Ова срце како компас расипан, овие балкони само ги покажува

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....