1.8 C
Скопје
23:56 - 10 март, 2026

(Фото сторија) Анета Ристевска ни ги отвори вратите на нејзиниот рај во Битола: „Цвеќето е како дете“

Анета Ристевска е голема љубителка на цвеќиња, а тоа се гледа и од нејзиниот прекрасен двор во Битола, каде таа го наоѓа својот мир.

– Се грижам за цвеќињата колку што имам време, работните обврски не ми дозволуваат премногу, но сепак се снаоѓам и им посветувам доволно внимание на цвеќињата. Купувам цвеќе колку што ми дозволуваат финансиите. Мојот двор не е како некој од бајките, но не го запоставувам, се грижам за него затоа што тој е мојот мир и рај од секојдневните активности – искрена е Анета.

Таа најмногу се посветува на цвеќињата од нејзиното семејство, ги полева наутро и навечер, а инаку цел живот одгледува цвеќе.

Со оглед на тоа што дворот е прилично голем, Анета одгледува и зеленчук.

– Не двоумете се да си ги исполните желбите да имате своја оаза и мир во душата, а рај за очите. Ништо не е тешко ако се има љубов за нешто – советува Анета и додава дека „цвеќето е како дете, го сакаш, му обрнуваш внимание, се грижиш за него и тоа ти враќа со љубов“.

Инаку, Анета е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

Фото – приватна архива

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....