9.8 C
Скопје
15:13 - 31 март, 2026

(Фото) Сопругата на Лозано е неговата старо-нова љубов: Згодната мајка објави фотографија со синот

Сопругата на пејачот Влатко Лозаноски – Лозано е неговата старо-нова љубов за која пејачот многу ретко зборува во јавноста.

Тој е во брак со Савка Грачанин со која беше долги години во врска, па потоа беа свршени, па ја раскинаа свршувачката, за по неколку години пак да ѝ дадат шанса на љубовта.

Речиси никој не знаеше дека популарниот пејач и неговата убава сопруга очекуваат син, сѐ до лани, кога пејачот објави дека им се родил Марко, по што следеа многу честитки за приновата.

Слаткиот Марко, Лозано го покажа за првпат пред неколку дена кога семејството го прослави неговиот прв роденден и крштевката во Марков Манастир. Потоа, неговата сестра, посателката Марија Лозаноска, објави слики од нивните родители со внукот.

– (18.10) Крштевка и прв роденден на нашата радост Марко. Биди ни секогаш среќен и од Бога благословен – напиша пејачот.

На фотографиите што ги објави Лозано, ја нема неговата сопруга, но таа објави една фотографија од истиот настан, каде што е облечена во бело, со синот. Савка, која е поранешна Мис, изгледа одлично.

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....