8.8 C
Скопје
19:05 - 30 март, 2026

(Фото) Снежна апокалипса во САД: Седум држави прогласија вонредна состојба, откажани се 2.000 летови, „внимавајте, ова не е нормален снег“

Во САД невремето веќе го крстија „Снежна апокалипса“, или снежен „Армагедон“, а гувернерите на 7 држави прогласија вонредна состојба.

Станува збор за мешавина од снежна бура во комбинација со поларен студ и ветер, а се очекува донесе рекордни температури, до минус 57 степени во Вајоминг. Големи снежни врнежи има и во северен Њујорк, околу 2.000 домашни и меѓународни летови се одложени или откажани поради она што американските метеоролози го дефинираа како „уникатна бура во една генерација“. . Државата Њујорк прогласи вонредна состојба.

Дури и Џо Бајден го предупреди населението: „Ова не е снежен ден како кога бевме деца, туку е сериозно“, а потоа претседателот на САД додаде: „Внимавајте, следете ги упатствата, ова не е нормален снег“.

Во Охајо, температурата се очекува да се спушти до -17, а вчера во Вајоминг живата на термометарот само за еден час од 6 степени се спуштила до -16 степени, додека -11 степени беа забележани во Далас, во Тексас: Националната гарда е распоредена во многу држави, од Колорадо до Конектикат, од Кентаки до Мериленд, Мисури, Северна Каролина и Оклахома. Од невремето во последните денови, веќе има и први штети и несреќи: најмалку три лица во Канзас и две во Оклахома загинаа во сообраќајни несреќи поврзани со невремето и условите на патот.

Поларни температури за Божик до -56 степени во Америка

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....