7.8 C
Скопје
23:31 - 1 април, 2026

(ФОТО) Слепиот тенор Бочели вдоми глуво куче повредно во војната во Украина: Чудата се случуваат и во најтемните моменти

Џек, кучето што ја преживеа војната, пристигна во куќата на тенорот. И не е само. Речиси истовремено Бочели вдоми уште едно куче спасено во Египет откако било претепано и фрлено во отворен гроб.

Во домот Андреа Бочели има двајца нови пријатели. Пејачот вдоми две кучиња. Едното доаѓа од Украина, поради бомбардирањето оглувело и се здобило со повеќе скршеници. Другото куче е рането и фрлено во отворен гроб во Египет, земја во која неодамна патувало семејството Бочели. Кучката наречена Џоли, славниот тенор веднаш ја зел со себе и од Египет ја донел директно во Италија.

Украинското куче пак, Џек, било пронајдено во Купјанск од доброволци во деновите по повторното освојување на градот од страна на украинските сили. Во Киев го добило првиот здравствен третман. Ветеринарите извадиле парчиња шрапнели од неговиот грб. А потоа дошло време да му најдат дом. Кај потпретседателот на градскиот совет, Олес Маљаревич, кој ја објавил веста за потрага по дом за кучето – на негово изненадување – се јавил лично Андреа Бочели. Секако, двајцата претходно не се познавале.

На Фејсбук профилот на Маљаревич беа објавени фотографиите од првата средба меѓу Џек и Бочели. „Чудата се случуваат и во најтемните моменти. Чудо му се случи на кучето Џек, кое живееше во градот Купанск, за малку комплетно ќе го загубише слухот од експлозиите, имаше рана на грбот, но ја задржа природната добрина, љубовта кон луѓето и силниот карактер. Му посакуваме на Џек среќен нов живот! Доброто ќе триумфира“.

Во 2020 година, тенорот го загуби својот миленик, кучето Палина, кое се удави во водите на Сардинија, за време на патување со брод.

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....