26.8 C
Скопје
15:44 - 2 јуни, 2026

(Фото) Славниот астронаут Баз Олдрин на 93 години повторно стапна на „лудиот камен“: Ја освои Месечината, а сега ѕвездите ѝ ги симна на убавата Анка

Возбудени сме како тинејџери кои побегнале од родителите за да се венчаат, изјави Олдрин.

Познатиот астронаут Баз Олдрин, пилотот на мисијата Аполо 11 и вториот човек што стапна и зачекори на Месечината по Нил Армстронг во 1969 година, на својот 93-ти роденден по четврти пат стапна на „лудиот камен“.

– Возбудени сме како тинејџери кои побегнале од родителите за да се венчаат – објави Олдрин на Твитер.

На 20 јануари, астронаутот Олдрин се ожени со својата долгогодишна девојка, докторка по хемиски инженеринг Анка Фаур, извршен потпретседател на Baz Aldrin Ventures, јавува BBC.

Аполо 11 беше лансиран на 16 јули 1969 година со екипаж од тројца, Нил Армстронг, Едвин Баз Олдрин и Мајкл Колинс.

На 21 јули 1969 година, Нил Армстронг стана првиот човек што стапнал на Месечината, а набрзо му се придружил и Баз Олдрин.

Слични објави

Душко Тошиќ го отвори паричникот: На ќерките Атина и Ника им купил луксузни недвижности

Еспресо

(Фото) Антониа во безгрижна игра со Киан: Во вакво издание не ја знаеме

Еспресо

Карлеуша го обвини Душко Тошиќ за физички напад: „Не сакам моето име да се поврзува со него“

Еспресо

Лука да не те нервира: Оригинална роденденска честитка од Тијана за Тамара

msp-admin

Вино и поглед: Ретка слика од Здравко Чолиќ во опуштено издание

msp-admin

(Фото) Порасна синот на Јоце Панов: Лука е копија на татко му

Еспресо
Се вчитува....