03:02 - 7 ноември, 2026

(Фото) Синот на Том Круз се појави во јавност: Блиски се со татко си, а друштво им прави сестрата на Том

Синот на холивудскиот актер Том Круз, Конор Ентони за прв пат по долго време се појави во јавност, пишува Page Six.

Круз и неговиот 28-годишен син, кого го одгледа со поранешната сопруга Никол Кидман, се појавија заедно во Њујорк на промотивен настан за претстојниот филм на актерот.

Том се одлучи за црна кошула, сини фармерки и црни чевли. Изгледот го комплетираше со авијатичарски очила за сонце и сребрен рачен часовник.

И синот на американскиот актер за настанот се облече во лежерен стил: сива маица со јака, сини фармерки и патики.

Со дуото татко-син се појави и сестрата на Том Круз, Ли Мапотер, која избра бела модна комбинација и розова блуза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maggie Robbins (@maggierobbinsy)

Холивудскиот актер ја има и ќерката Изабела, која Круз и Кидман ја посвоија во 90-тите, исто како Конор. Единствената биолошка ќерка на Круз е Сури, која се роди во врската со актерката Кејти Холмс. Сепак, тој не одржува контакт со денес 16-годишната наследничка.

 

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....