08:13 - 7 ноември, 2026

(Фото) Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса чека син: „За нејколку месеци ќе му го предадам мантатот на наследникот“

Алекса Балашевиќ, син на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, на Инстаграм објави емотивна порака посветена на сопругата Николина. Покрај фотографија направена на улиците во Шангај, тој напиша текст полн со емоции со кој најпрво навести, а потоа и директно потврди дека нивното семејство ќе се прошири.

„Некои луѓе до крајот на животот остануваат само луѓе, а некои доживуваат да станат нечии завет. Завет без кој на некого ни Стариот ни Новиот завет не му значат ништо. Благодарение на оваа личност од фотографијата, мојата лоза продолжува, не сум повеќе Омега … За приближно два месеци ни пристигнува син … Братчето на Вера, кое долго го чекаме … Колку само може да биде неопислива среќата за некој како мене, Бог да испрати уште еден ангел со моите гени … Би го разбрал и да штеди, но не се бунам што ме задолжува уште повеќе … Со мирис на небо … Со тебе, со вас … Како што би рекол некој мој најголем, некој наш најдобар, исто така од небото, не сум веќе в.д. Балашевиќ, сега сум Балашевиќ во оставка, за неколку месеци мандатот му го предавам на наследникот“, напиша Алекса.

Николина Балашевиќ – Фото: Инстаграм/АлексаБалашевиќ

Нивната ќерка Вера, родена во август 2022 година, со нетрпение го очекува малиот брат. Следбениците веднаш ја преплавија објавата со честитки и убави зборови, нагласувајќи дека и Ѓорѓе сигурно би бил неизмерно горд.

Оваа радосна вест доаѓа во период на значајни професионални успеси за Алекса. Неговиот дебитантски филм „Мегдан: Меѓу вода и оган“, каде што се потпишува како сценарист и продуцент, доживеа одличен прием во регионалните кина кон крајот на 2024 година, а подоцна стана достапен и на стриминг платформите како Ејч-би-о и Амазаон.

И покрај професионалниот ангажман, Алекса често истакнува дека семејството и духовните вредности му се на прво место. Со Николина и ќерката Вера живее на релација Нови Сад – Марибор, а на социјалните мрежи редовно споделува моменти од приватниот живот.

Очигледно, за семејството Балашевиќ ова е период исполнет со успех, љубов и нова радост, а наскоро и со уште еден мал наследник.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....